SlovoKult ::
Поезија
Катица Ќулавкова
ХРОНОС [1]
-беседа-
1. Ѓаволски склоп
Јадеш, лапаш, грицкаш, голташ
секогаш гладен, засекогаш страдно
зјапаш. Твојот апсолут е несфатлив.
Овде сум на една топка-вртелешка
горделива, среброљубива, властољубива
се обидувам, не без напор, да те сфатам!
Приказни смислувам, митови, стории
за да те кажам: те именувам, ти се обраќам
и те сликам, те олицетворувам, те отелотворувам
и, да признаам, сè што сум напишал досега
до тебе обраќање е:
Пат, а пак
те делам, те двојам, те цепкам
кратам, сечам, шкопам, кастрам
се подлажувам - те држам в раце!
те сместувам во книги
те памтам, памтењето го предавам
од едни на други
поправки правам, предавство
знаци, севозможни форми
за да ми кажеш по нешто, па сепак
те немам!
Големата Мајка
„Јас сум таа.
Почивам скрснозе
а колковите ми натежнале од животворност
и се прошириле толку многу
што се одделиле од мене
и веќе не се само мои и не се само тука.
Куќа цел свет мене ми е.
Токму така:
имам моќ да бидам
на разни места во исто време.
Во постојан дослух со еротиката
на творењето жив, а смртен свет
– се претворам во книга на промените
го менувам името, ги трампам симболите
и приказбите, луѓето ги давам
кастингот го алтерирам
но улогите остануваат!
Мене која општам со духовното
ми приличи световното:
земја и море, Луна и цибрина!
О, каква противречност:
да бидеш жена, начело на плодност
а да носиш негативен, пасивен
предзнак, архетипски минус
ритмични инсерти од
смрт и од живот!
Кој дава, ако не оној кој има?
Кој губи, ако не оној кој има
што да изгуби?
Јас, матрица, матка, матерка,
модра, мадра, мудра матрона
од Другиот свет
(не, овој никогаш не ми бил доволен!)
ти повелам:
влези во морето
не мисли на немоќта
оти никогаш не знаеш
колку ќе издржиш
и во болот, и во ужитокот
пливај до кајшто гледаш
а гледај далеку, секогаш подалеку
јас глаголам задумно на ’ртот
зборувам на својот мајчин јазик
(о, какво олеснување, каква удобност!)
и сила ти давам
а не утеха!
После ќе гаташ над моите рецки
над испрекинатата линија на судбата
срочена во 64 хексаграми на енигмата
а тој ќе вметнува во ребусот по некоја
права, проста, прозна
и позитивна цртичка.
Машки синопсис!“
Ципа
за тебе е значаен внатрешниот свет:
зачетокот, отровот, обликот
безлична навидум
се менуваш без престан
ти мазна, ти гипка, ти пожелна
ни бегаш од раце
додека ја толкуваме неизбежноста
и отвораме оган против самите себеси
а ти, и натаму проѕирна по природа,
ни го свртуваш вниманието
и го поставуваш основното прашање
но нас, но нас нè интересираат
деталите
кога те допревме
лиги ни потекоа
да не можеме да скриеме дека сме луѓе
и дека ја сакаме совршеноста
и во тебе, и надвор.
Предвремено будење
Веќе не се будите во иста соба.
И она што е невидливо не е исто.
И во навиката на будење има измени.
Предметите со кои се поистоветувате
не ви се подеднакво туѓи.
Секој облик бара посебен одлив на свеста.
Гладта за препознавање е отворен процес:
Финеганово бдеење.
Овошјето од еден обичен плакат
го поместува тлото под душникот
го лизга ровко и несопирливо
и ве пренесува во детството
– небаре тоа е на едниот, а
вие на другиот крај
небаре сте биле еден без друг
вие, кои не сте смееле –
повторно ја доживувате возбудата
на окото и моливот
кога сте цртале гроздови, круши и јаболка
и сте го наслушнале разговорот
меѓу мечтата и раката во којашто
се влевал еросот на иднината.
Детството се враќа на тајна врата
и открива вишок живот, вишок минато:
она од што не можете да се откажете.
И повеќе не се прашувате зошто
стварноста не е доволна за да се сонува
и што е тоа кое не е јаве
а постои!
Исповед на дете
„Не знам зошто
имам чудно чувство
дека секој ден ми доаѓа
судниот ден
па се наежувам од уплав
и морници ме полазуваат
и се замрсувам како долг
многу долг и излитен конец
јазли полн, а трпение немам
да го размрсам!
Потем се соземам несвесно
се враќам со временската машина
во виртуелната стварност
и продолжувам да си играм
да се занесувам
оти како инаку ќе преживеам
Мамо
– не знам!“
-беседа-
1. Ѓаволски склоп
Јадеш, лапаш, грицкаш, голташ
секогаш гладен, засекогаш страдно
зјапаш. Твојот апсолут е несфатлив.
Овде сум на една топка-вртелешка
горделива, среброљубива, властољубива
се обидувам, не без напор, да те сфатам!
Приказни смислувам, митови, стории
за да те кажам: те именувам, ти се обраќам
и те сликам, те олицетворувам, те отелотворувам
и, да признаам, сè што сум напишал досега
до тебе обраќање е:
веслање по вода, воздух, етер, земја
учење на твојот јазик
следење на твојот пат.
учење на твојот јазик
следење на твојот пат.
Пат, а пак
те делам, те двојам, те цепкам
кратам, сечам, шкопам, кастрам
се подлажувам - те држам в раце!
те сместувам во книги
те памтам, памтењето го предавам
од едни на други
поправки правам, предавство
знаци, севозможни форми
за да ми кажеш по нешто, па сепак
те немам!
Големата Мајка
„Јас сум таа.
Почивам скрснозе
а колковите ми натежнале од животворност
и се прошириле толку многу
што се одделиле од мене
и веќе не се само мои и не се само тука.
Куќа цел свет мене ми е.
Токму така:
имам моќ да бидам
на разни места во исто време.
Во постојан дослух со еротиката
на творењето жив, а смртен свет
– се претворам во книга на промените
го менувам името, ги трампам симболите
и приказбите, луѓето ги давам
кастингот го алтерирам
но улогите остануваат!
Мене која општам со духовното
ми приличи световното:
земја и море, Луна и цибрина!
О, каква противречност:
да бидеш жена, начело на плодност
а да носиш негативен, пасивен
предзнак, архетипски минус
ритмични инсерти од
смрт и од живот!
Кој дава, ако не оној кој има?
Кој губи, ако не оној кој има
што да изгуби?
Јас, матрица, матка, матерка,
модра, мадра, мудра матрона
од Другиот свет
(не, овој никогаш не ми бил доволен!)
ти повелам:
влези во морето
не мисли на немоќта
оти никогаш не знаеш
колку ќе издржиш
и во болот, и во ужитокот
пливај до кајшто гледаш
а гледај далеку, секогаш подалеку
јас глаголам задумно на ’ртот
зборувам на својот мајчин јазик
(о, какво олеснување, каква удобност!)
и сила ти давам
а не утеха!
После ќе гаташ над моите рецки
над испрекинатата линија на судбата
срочена во 64 хексаграми на енигмата
а тој ќе вметнува во ребусот по некоја
права, проста, прозна
и позитивна цртичка.
Машки синопсис!“
Ципа
за тебе е значаен внатрешниот свет:
зачетокот, отровот, обликот
безлична навидум
се менуваш без престан
ти мазна, ти гипка, ти пожелна
ни бегаш од раце
додека ја толкуваме неизбежноста
и отвораме оган против самите себеси
а ти, и натаму проѕирна по природа,
ни го свртуваш вниманието
и го поставуваш основното прашање
но нас, но нас нè интересираат
деталите
кога те допревме
лиги ни потекоа
да не можеме да скриеме дека сме луѓе
и дека ја сакаме совршеноста
и во тебе, и надвор.
Предвремено будење
Веќе не се будите во иста соба.
И она што е невидливо не е исто.
И во навиката на будење има измени.
Предметите со кои се поистоветувате
не ви се подеднакво туѓи.
Секој облик бара посебен одлив на свеста.
Гладта за препознавање е отворен процес:
Финеганово бдеење.
Овошјето од еден обичен плакат
го поместува тлото под душникот
го лизга ровко и несопирливо
и ве пренесува во детството
– небаре тоа е на едниот, а
вие на другиот крај
небаре сте биле еден без друг
вие, кои не сте смееле –
повторно ја доживувате возбудата
на окото и моливот
кога сте цртале гроздови, круши и јаболка
и сте го наслушнале разговорот
меѓу мечтата и раката во којашто
се влевал еросот на иднината.
Детството се враќа на тајна врата
и открива вишок живот, вишок минато:
она од што не можете да се откажете.
И повеќе не се прашувате зошто
стварноста не е доволна за да се сонува
и што е тоа кое не е јаве
а постои!
Исповед на дете
„Не знам зошто
имам чудно чувство
дека секој ден ми доаѓа
судниот ден
па се наежувам од уплав
и морници ме полазуваат
и се замрсувам како долг
многу долг и излитен конец
јазли полн, а трпение немам
да го размрсам!
Потем се соземам несвесно
се враќам со временската машина
во виртуелната стварност
и продолжувам да си играм
да се занесувам
оти како инаку ќе преживеам
Мамо
– не знам!“