SlovoKult ::
Поезија
Александра Димитрова
Понеделник
Сега пронаоѓам знаци
Во искинатите чорапи
Во кафето кое претекува
Моите здодевни цртежи трчаат низ собата
Сè е наопаку ова утро
Баксуз
Маглив миг без светла
трчам
монодраматизирам
теоретизирам и стојам на линијата со солзи
очигледно барајќи начини
да те оправдам тебе пред себе-авторитетот
да му објаснам
на кафето распослано низ шпоретот
дека ти не си егоистичен хедонист
зборувам и со искинатите чорапи
ги игнорирам знаците за баксуз живот
и уверувајќи се дека глобусот ќе стане коцка
сега наоѓам смисла
во моите цртежи
во твоите постапки
сега се лажам дека нема совршенства
Забранети игри
Ајде да си играме
Можеме да создаваме екстази
Да дуваме како ветрови
Ајде да се лажеме
Да бегаме од себе
Цврсто да се зграпчиме
Да се фрлиме врз душекот
Ајде да си играме
Да си ги шифрираме реалните нешта
Со детски формули
Да заборавиме каде чекориме
Ти бакнувај ги моите раце
Јас ќе ги заривам прстите во твоите коси
Ајде да влеземе во пердувите
Ајде да се сокриеме од сите други
Само јас и ти
Да ги именуваме
Новооткриените нешта во нас
Ајде да се смееме на реченици без смисла
Секогаш одново
Ајде да бидеме големи деца
За тебе
Го припремам долго
Неуморно го прекривам
со мириси
со вкусови
со звуци
Го бојосувам со купишта прав
Го омекнувам несебично
Ги отстранувам отпечатоците
од сечии палци
Инвентивно го испишувам со нов текст
Мојот стомак
Само за тебе
Жолт флерт
внатрешноста на моите дланки добива вкус на исушени лимонови кори
и моите очи личат на сончогледи
секогаш кога
твоите златни насмевки лазат во мој правец
секогаш кога
твоите нарцис коси се извиткуваат околу мојот поглед
секогаш кога
ме полеваш со мириси на зрело жито
секогаш кога
ме покриваш со сируп од есенски дуњи
секогаш кога
од месечината крадеш прамен
за поклонувањата пред мене
Сознание
Неважно е што интелектуалките се борат за тронот на Барби
И што децата се сè постари
(Навлегуваат во четвртата деценија)
Денес сфаќам дека
си
еден од најбледите лудаци кои ги знам
Денес не читам весници
Не сакам да знам за општеството во криза
(Вреска звучникот)
Денес генијално сфаќам дека
твоето лице со стилизирана бенка е
проѕирно бледо
Неважно е денес
што една куртизана седи во фотелја
Што манијаците се на раководни функции
(Модернитетот наметнува липосукција)
Најважно е сега што ти си најбледиот психопат во мојот свет
Денес ми е јасно дека не те љубам
Дека сум само импресионирана од
Твојата бледа кожа
Тенките прсти
Твоето немање сенс за реалност
Дека си само нејасна рефлексија
на мојата автодеструктивност
На мојата припадност во деградирано општество
На мојата сè поголема потреба да глумам Барби
Да одам на липосукција
Ти си најженствениот лудак кого го знам
Ти си моето огледало
МИСИЈА
Во слободно време сум креативна
Го уништувам сопствениот живот
Во слободно време сум великодушна
Го препуштам денот на случајности
и
Некој случајно доаѓа
Внимателно
Ко прооден од тазе бестселер
Ко бегалец од оскаровски хорор
Се влече низ мојата несреќа
Заздравува рани
Подготвен да исмее зад грб
Нови рани
Стари победи
Деструктивно се разобличувам
Авто-канибалистички му се предавам
Приказна
Некако по правило
Јас секогаш мирисав на сладок живот
Ти секогаш мирисаше на студена вода
Јас и Ти бевме солени ко две солзи
Некако по правило
Се давеа моите води во твоите критериуми
Се вкопуваа твоите соли во моите принципи
И ние бевме расплакана комедија
Циркус
Во моите очи
Во твоите дланки
Ние сме несреќно разделени проклетници
____________________________________________
Сега пронаоѓам знаци
Во искинатите чорапи
Во кафето кое претекува
Моите здодевни цртежи трчаат низ собата
Сè е наопаку ова утро
Баксуз
Маглив миг без светла
трчам
монодраматизирам
теоретизирам и стојам на линијата со солзи
очигледно барајќи начини
да те оправдам тебе пред себе-авторитетот
да му објаснам
на кафето распослано низ шпоретот
дека ти не си егоистичен хедонист
зборувам и со искинатите чорапи
ги игнорирам знаците за баксуз живот
и уверувајќи се дека глобусот ќе стане коцка
сега наоѓам смисла
во моите цртежи
во твоите постапки
сега се лажам дека нема совршенства
Забранети игри
Ајде да си играме
Можеме да создаваме екстази
Да дуваме како ветрови
Ајде да се лажеме
Да бегаме од себе
Цврсто да се зграпчиме
Да се фрлиме врз душекот
Ајде да си играме
Да си ги шифрираме реалните нешта
Со детски формули
Да заборавиме каде чекориме
Ти бакнувај ги моите раце
Јас ќе ги заривам прстите во твоите коси
Ајде да влеземе во пердувите
Ајде да се сокриеме од сите други
Само јас и ти
Да ги именуваме
Новооткриените нешта во нас
Ајде да се смееме на реченици без смисла
Секогаш одново
Ајде да бидеме големи деца
За тебе
Го припремам долго
Неуморно го прекривам
со мириси
со вкусови
со звуци
Го бојосувам со купишта прав
Го омекнувам несебично
Ги отстранувам отпечатоците
од сечии палци
Инвентивно го испишувам со нов текст
Мојот стомак
Само за тебе
Жолт флерт
внатрешноста на моите дланки добива вкус на исушени лимонови кори
и моите очи личат на сончогледи
секогаш кога
твоите златни насмевки лазат во мој правец
секогаш кога
твоите нарцис коси се извиткуваат околу мојот поглед
секогаш кога
ме полеваш со мириси на зрело жито
секогаш кога
ме покриваш со сируп од есенски дуњи
секогаш кога
од месечината крадеш прамен
за поклонувањата пред мене
Сознание
Неважно е што интелектуалките се борат за тронот на Барби
И што децата се сè постари
(Навлегуваат во четвртата деценија)
Денес сфаќам дека
си
еден од најбледите лудаци кои ги знам
Денес не читам весници
Не сакам да знам за општеството во криза
(Вреска звучникот)
Денес генијално сфаќам дека
твоето лице со стилизирана бенка е
проѕирно бледо
Неважно е денес
што една куртизана седи во фотелја
Што манијаците се на раководни функции
(Модернитетот наметнува липосукција)
Најважно е сега што ти си најбледиот психопат во мојот свет
Денес ми е јасно дека не те љубам
Дека сум само импресионирана од
Твојата бледа кожа
Тенките прсти
Твоето немање сенс за реалност
Дека си само нејасна рефлексија
на мојата автодеструктивност
На мојата припадност во деградирано општество
На мојата сè поголема потреба да глумам Барби
Да одам на липосукција
Ти си најженствениот лудак кого го знам
Ти си моето огледало
МИСИЈА
Во слободно време сум креативна
Го уништувам сопствениот живот
Во слободно време сум великодушна
Го препуштам денот на случајности
и
Некој случајно доаѓа
Внимателно
Ко прооден од тазе бестселер
Ко бегалец од оскаровски хорор
Се влече низ мојата несреќа
Заздравува рани
Подготвен да исмее зад грб
Нови рани
Стари победи
Деструктивно се разобличувам
Авто-канибалистички му се предавам
Приказна
Некако по правило
Јас секогаш мирисав на сладок живот
Ти секогаш мирисаше на студена вода
Јас и Ти бевме солени ко две солзи
Некако по правило
Се давеа моите води во твоите критериуми
Се вкопуваа твоите соли во моите принципи
И ние бевме расплакана комедија
Циркус
Во моите очи
Во твоите дланки
Ние сме несреќно разделени проклетници
____________________________________________